СКОПЈЕ БЕШЕ КОБНО: Крај на сезоната за Тонесен

Веспрем по убаво ќе го памети гостувањето во Скопје, но нивниот норвешки бек, Кент Робин Тонесен - не. 
Норвежанецот во второто полувреме со минимален контакт, речиси без фаул од дефанзивец на Вардар незгодно стапна и веднаш жестоко реагираше. 
Не кон противникот, туку кон столчињата во Јане Сандански - веројатно и самиот веднаш сфати дека повредата нема да биде наивна. 

И не е наивна повреда. Страдала Ахиловата тетива на Норвежанецот. Не само што нема да игра на домашното ЕП во јануари туку нема да види ракомет сезонава. По операцијата го очекува пауза од шест месеци и треба да бид среќен, ако ја фати следната сезона од почеток. 

Веспрем на позицијата десен бел го има и Омар Јахија, а добро во лошото е што пред десетина дена по долга пауза во игра им се врати Полјакот Павел Пачковски (26).
Имаат на список и двајца тинејџери, Зоран Илиќ (17) и Лев Сухарев (19), и еден ветеран, Ласло Наѓ (38). 
Но, Пачковски би требало да заврши работа или ќе ги видиме во шопинг.  
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk