ЛШ: Барса го освои Париз

Барса е победник на големото дерби во Лигата на шампионите. Дуелот со ПСЖ, каталонците го добија и на домашен терен, а вечерва славеа и како гости. 

Барса победи 35-32 откако во финишот ПСЖ попушти под притисокот на игра гол за гол, па промашија со ред Карабатиќ, Шипжак и Нахи, а во еден момент останаа и со четири играчи во поле, во последните 5 минути при водство на Барса од 32-31. 

ПСЖ водеше во поголемиот дел од мечот, на полувреме имаше 17-16, но на стартот на второто полувреме Барса со серија од 4-0 го презема водството. 
Потоа ПСЖ одново се врати во водство. Одлични беа и Сагосен и Карабатиќ, па и Хансен и Сигурдсон, но се приметуваше празина на позицијата десен бек каде што требаше да биде повредениот Недим Ремили. 

Барса беше подобро вкомпонирана, Палмарсон, Мем и Циндриќ си ја одработеа својата задача и Барса сега е би рекле недостижна на првото место со скор од 9 победи и 1 пораз (1 коло во Сегед). 
ПСЖ падна на третото место, зад ПИК Сегед, но Унгарците имаат дуели со Барса, Флензбург, а и ПСЖ го пречекуваат во својата сала. 

Доколку ПСЖ не успее да се врати на втората позиција, можеби ќеги видиме порано во Скопје отколку што очекувавме. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk