Карачиќ се повреди, ќе стигне ли до ЕП?

Поранешниот играч на Вардар, Игор Карачиќ, вчера играше одличен натпревар во дресот на Келце против екипата на Мешков Брест.
Играше одлично, но не го доигра натпреварот. Во еден момент на почетокот на второто полувреме доби удар во градите по што се пресели на клупата и веќе не влегуваше во игра. 

Карачиќ не изгледаше како ракометар што е повреден додека траеше мечот, но да потсетиме, поради таква повреда (удар во градите) беше надвор од терен повеќе од еден месец.

Ако е слично, тогаш можеби и настапот на ЕП да му биде доведен во прашање. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk