Металург опасно се разигра: По Пролет, настрада и Бутел

БУТЕЛ СКОПЈЕ - МЕТАЛУРГ   16-30 (7-11)
Печенковски 5, Младеновски 4 - Шилегов 6, Серафимов 5

Пролет и Бутел важеа за два тима што можат да изненадат секого, па дури и Металург во домашниот шампионат. На Пролет тоа на почетокот на сезоната и им успеа, откинаа бод, но кога дојдоа во Автокоманда по трите, доживеаја бродолом. 
Вечерва истото му се случи и на Бутел. Металург се разигра по дуелите со Горење или да земеме слобода да кажеме дека Кастратовиќ ги препороди. За жал најголемата грешка што Металург можеби ја направи е што не го ангажираше уште на почеткот на сезоната. 
Бутел вечева беше немоќен како ретко кога досега и средбата ја заврши со минус од 14 гола! 

РАДОВИШ - ОХРИД  22-29 (9-15)
Николов 4, Ѓоргиевски 4 - Блажески 8, Тот 5

Охрид ја продолжи трката со Металург за првото место на табелата. Вечерва на гостувањето во Радовиш, Охрид победи убедливо со седум гола разлика, предност обезбедена уште во првиот дел. 
Во второто полувреме немаше проблеми за гостите да стигнат до целиот плен. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk