Кил веќе е недостижен за Вардар

Кил вечерва со пресврт и со четири од вкупно осум гола на Никола Билик постигнати во последните 10 минути го совлада Монпеље 33-32 и стигна до бројка од 16 освоени бода. 

Не беа безгрешни Германците, загубија бодови и тоа дома од Порто, Келце и Мотор, но со 16 бода од 10 натпревари се прилично комотни на првото место. 
Посебно затоа што и на пролет ривалите од типот Веспрем и Вардар треба да дојдат во Шпаркасе Арена, но во период од годината кога Кил повторно ќе биде полн со сила. 

Единствената шанса, иако и таа е во рамки на теорија за Вардар е утре да победи дома со Веспрем. Така ќе биде пет бода позади Кил, а до крајот на ЛШ ќе бидат во оптек уште 8 бода. 
Лошото е што веќе на 5 фавруари, Вардар гостува кај Кил. 
Доколку Вардар утре не успее да го совлада Веспрем, ќе остане со 7 бода негатива во однос на Кил и со вкупно 8 бода во оптек. И да не заборавиме со меѓусебен скор од -11 од првиот меч. 



Вардар утре мора да победи за да остане, како-така во трка и за второто место. Веспрем кој е на второто место заедно со Келце имаат по 12 бода. 
Со победа Вардар би останал во игра, а до крајот на ЛШ го очекуваат гостувања во Кил и Порто и домашни натпревари со Мотор и Монпеље. 
Но, доколку Веспрем утре победи, тогаш и второто место ќе биде во рамки на теорија, која вели дека до крајот на ЛШ, Веспрем да не освои ниту бод, а Вардар да победи најмалку на три од четирите средби...А да не заборавиме дека и Келце е тука со 12 бода, дека Порто и Монпеље исто така таргетираат што повисок пласман за да избегнат колку можат позвучни имиња од спротивната група. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk