Е. РАБОТНИК - БИДАСОА 25-23 (14-15)
Стрелци за Е. Работник: Остроушко 8, Ѓукиќ 4, Маркоски 4, Кузманоски 2, Шевелев 2, Радовиќ 2, Вегар 1, Граџан 1, Маџовски 1
Битолски Еурофарм Работник својот последен меч во ЛШ и можеби последен пред да стане Еурофарм Пелистер го одигра против вице-првакот на Шпанија и успеа да победи (25-23).
Со промена на тренер, со асистентите Мојсов и Соколески место Алушовски на клупата, Е. Работник стигна до втората победа, која во исчекување Татран да го совлада Кокс, не му менуваше ништо на табелата.
А и во тој случај, одново ништо важно немаше да се смени. Шесто и петто место беа во игра.
Не им менува резултатот ниту на Шпанците, тие иако го запишаа првиот пораз, завршуваат како први во групата и во елиминациите ќе вкрстат со Висла Плоцк.
Можеби ова да беше клучниот момент за развојот на настаните, но секако нема да им ја омаловажиме заслужената победа и сатисфакцијата на битолчани.
Мојсов и Соколески си ја извезија својата прва самостојна победа во ЛШ и заслужија честитки.
Бидасоа почна подобро, имаше и плус четири пред крајот на полувремето (14-10), но Работник се врати во игра, намали на еден гол разлика (14-15), а потоа во вториот дел, направи пресврт, потоа влезе во познатиот вакуум што овој пат беше нешто повеќе од седум минути без постигнат гол, но Шпанците не ја искористија шансата.
За одбележување е што, иако Остроушко ја презема одговорноста и славата со последниот гол, вечерва видовме многу повеќе од досега од Градимир Чаневски, Горан Кузмановски, Милан Ѓукиќ...