СП Јапонија: Србија и Ц. Гора ги средија Африканките

Србија ја совлада уморната Ангола со 32-25, а Црна Гора им зема мерка на ракометарките на Сенегал во првото коло од мундијалот што утрово почна во Јапонија. 

Ѓурѓина Јауковиќ со седум гола беше најефикасната, по пет гола постигнаа Мехмедовиќ и Деспотовиќ, а екс вардарката Радичевиќ беше стрелец на четири гола. 

Србија немаше многу тешкотии со Ангола, поточно до 45 минута полека го кршеше отпорот на тимот кој имаше десетина часа одмор по патувањето од 40 часа од Ангола до Кумамото. Голманот Катарина Томашевиќ со 13 одбрани и Жељка Николиќ со 7 гола беа најефикасните. 

Германија извојува важна победа над Бразил. Аморим не можеше против системот на Германките, постигна 4 гола од 8 обиди, исто како и Ана Паула, но тоа беше доволно само за рамноправност во првите 20 минути (10-9). Потоа Германија зголеми на три, пет, седум... 

И домашната Јапонија се радуваше на победа на стартот на СП. Подобри беа од Аргентина.

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk