Се споија битолските екипи, го добивме Еурофарм Пелистер

Утрово во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер. Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Двата клуба остануваат да партиципираат како досега, но со далеку поизразени амбиции. Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Сега и официјално ги добивме Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2. Водечкиот клуб ги презема традицијата на Пелистер и моменталните резултати, статус и играчки кадар на некогашниот Е. Работник, додека вториот тим, пак, ќе го носи товарот на втор тим, со „традицијата“ Е. Работник и моменталниот статус на екс Пелистер. 

Дресовите годинава или барем во прв момент ќе бидат сино-бели и зелениот грб на Пелистер. Догодина ќе видиме што ќе се смислат и во какви дресови ќе настапуваат. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk