Кирил Лазаров ги стиша навивачите на Шамбери на вечерашното гостување со Нант. Дербито на колото во кое македонскиот ас беше еден од најдобрите на теренот имаше драматична завршница.
Средбата заврши нерешено 28-28, а на гостите остана само уште „почесниот“ шут од слободен удар од десетина метри, по истек на времето.
Топката ја зема Кирил Лазаров и ја смести во мрежата на Шамбери за конечна победа од 29-28 за Нант.