БУНДЕС ЛИГА: Порази на Томовски, Миркуловски, Талески

Не беше денеска добра вечер за македонските интернационалци во Германија. Единствен што на крајот славеше победа беше Филип Кузмановски. 
Неговиот Магдебург како гостин славеше над Лудвигсхафен (19-16). Филип Кузмановски шутна само еднаш на гол, доби шанса да изведе седмерец, но Мартин Томовски му одбрани. 
Но, нема што многу да се пофали ниту Томовски. Бранеше вкупно четири минути и имаше три одбрани. Процентуално многу подобро од Горазд Шкоф кој бранеше 56 минути и имаше 8 одбрани. 

Пораз од 21-26 како гостин запиша и Филип Миркуловски. Неговиот Вецлар немаше сили против Гепинген да дојде до позитивен скор. Филип Миркуловски имаше скор од 1/2. 

Филип Талески со својот Балинген беше во игра за бодови против Лемго речиси до самиот крај. Но, не се отвори вратата што носи победа и бодови. Напротив, 27-24 победа за Лемго, а Филип Талески со скор од 1/5 го заврши натпреварот. 

Во рамките на ова коло и Штутгарт со 32-33 беа поразен од РНЛ на натпревар што пред три дена се одигра во Манјхајм. Жарко Пешевски постигна три гола од три обиди. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk