Флензбург го задржа голманот Буриќ

Кога во 2018 босанскиот интернационалец Бенјамин Бури од редовите на Вецлар мина во Флензбург се очекуваше да биде верната замена за Норвежанецот Торборн Баргеруд кој истата година пристигна во Флензбург од редовите на данскиот Холсебро. 

Но, не се остварија очекувањта. Напротив, Баргеруд со сигурност имал многу непроспиени ноќи во битката за позицијата број 1 на голот на Флензбург. 
Но, Буриќ не се даде. Реши премногу натпревари за да биде втор голман, а на крајот на денот најмногу профитираше Флензбург кој има две одлични решенија на голот во секој момент. 

Денеска Бенјманин Буриќ потпиша продолжување на договорот и ќе остане верен на Флензбург најмалку до 2024 година. 

Фото: Бенјамнин Буриќ заедно со менаџерите Милош Павичевиќ и Саша Братиќ
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk