Миркуловски си оди од Вецлар!

Македонскиот интернационалец Филип Миркуловски следното лето ќе биде слободен играч. Договорот на Миркуловси со бундеслигашот Вецлар каде дојде во 2015 година истекува во јуни 2020 година и нема да биде продолжен. 

Барем е таков моменталниот статус, а тоа ни го потврди и Филип Миркуловски. 
 

„Не останувам во Вецлар. Најавија дека ќе менуваат, дека ќе го намалуваат буџетот. Мојот договор истекува во јуни и доколку не се промени нешто заминувам“, потврди   за
g-sport.mk, Филип Миркуловски. 


Миркуловски не планира крај на кариерата, смета дека има уште ракомет во него, а според игрите, посебно во последните кола потсети на своите најдобри денови и би можел да конкурира за место и во многу посилен тим од Вецлар. 

Миркуловски (36) во својата кариера има играно во клубот Македонија, потоа Металург во меѓувреме беше и позајмен на Младост Богданци за една европска авантура. 
По распадот на системот на тогашниот Металург замина во Хановер, но брзо се пресели во Вецлар. Таму ги освои домашните со бекосмпромиснота на теренот и скромноста надвор од него,  брзо се прилагоди и одомаќини и ја доби и капитенската лента. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk