Нолевска дел од допинг аферата во Романија

Македонската репрезентативка Наташа Нолевска е една од четирите нови случаи во допинг аферата што го потресува романскиот ракомет и посебно клубот Корона Брашов. 
Со тоа се зголемува бројката на вкупно седум ракометарки што признале дека била на интравенозната терапија, а ако на ова ги додадеме и Црногорката Павичевиќ и Бразилката Гомеш кои од исти причини нема да играат на СП Јапонија, доаѓаме до девет играчи или можеме да констатираме дека целата оваа приказна не е индивидуален грев, туку е организирана, сосема извесно на повисоко ниво. 

Ракометарките се суспендирани на неодредено време, се чекаат официјалните резултати оа анализата на крвта земена од првите три играчи што беа откриени дека биле на терапија а тоа се Базалиу, Ласло и Хосу. Анализите ќе ги прави светската анти-допинг ВАДА, по што ќе биде утврдено дали се работи за допинг. 

За што всушност се работи? Клиниката во Брашов што го користи овој интравенозен ласер, за технологијата и терпијата тврди дека е револуционеерна или „state of art“. Ласерската терпаија ги намалува болките, воспаленијата и го забрзува заздравувањето кај бројни акутни и хронични состојби. 
Ласерската терапија со ниски фрекфенции го зголемува производството на серотонин, го зголемува дотокот на кислород и може да лечи пореметување кај зглобови, депресија, несоница, хронични болки итн. 

Во основа ВАДА не ги прифаќа овие методи затоа што таму со пропис е забранет секаков вид на манипулација со крв. Според тоа, користењето на овој ласер е прекршување  на прописите на ВАДА; но дополнително ќе се утврдува дали се работи за допинг.
Ако се констатира дека е, тогаш на ракометарките им следи суспензија од шест месеци до четири години. Клубот, веќе извесно ќе биде исфрлен од ЕХФ Куп, а веројатно и во Романија ќе му бидат поништени сите резултати. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk