Што се случи со балканските центри?

Денеска беше извршена ждрепката за ЕХФ Групната фаза во која немаше ниту една балканска екипа. Со исклучок на Горење кое може да го сметаме за исклучок што го потврдува правилото, а можеме и Словенија сосема да ја избришеме од листата на балкански држави, затоа што со менталитетот и начинот на работа и размислување, одамна не се. Но, да не им ја разубавуваме реалноста, Рибница и Марибор не стигнаа подалеку од другите, а Горење благодарение на тоа што играше со балкански тимови пројде во групната фаза. 

Годинава балканските центри се распаднаа, ниту една екипа не мина повеќе од едно коло во Европа. Ги имаше многу, во ЕХФ Куп први капитулираа Дубрава, Пореч, Борац Бања Лука и Ловќен. Ги следеа Металопластика, Војводина, Бутел Скопје, Пелистер, потоа дојде редот и на Нексе и Металург. 
Од Челинџ Куп уште во раните елиминиации испаднаа Динамо Панчево, Грачаница, Железничар. 

Поразите од вкупно 15 гола разлика на Војводина од младиот Адемар, на поразите од вкупно 35 гола разлика на Пелистер од Винтертур, дебаклот дома на Металопластика од Горење, вкупен минус од 14 разлика и без никаква шанса за пласман на Борац од Олимпијакос...тоа се натпревари што ставија црн печат во европските пасоши на баланските играчи. 

„Немаат зимски гуми“ на шега префрли еден ракометен тренер за актуелната ситуација во која ниту еден балкански центар надвор од ЛШ нема да презими во Европа, но многу добро знае дека ова што се случи е далеку од шега. 

Овие екипи се тие што произведуваат играчи. Не се тоа екипите во ЛШ, особено не во Македонија. А ако овие екипи со своите производи не можат да поминат ниту едно коло во Европа, тогаш колку време треба да помине додека тоа да се одрази во репрезентациите и таму да почнат да стигнувата неспремни кадри.
И тука некаде би го разбрале единствено Нексе кој имаше реална шанса со Бенфика, но не и другите. 

Во Македонија е алармантна ситуацијата, посебно сега кога надежите на Металург не успеаја да го минат Горење. Во тие надежи е вложено многу, пред се работа, дадени им се шанси, минувале ни репрезентативните категории. За нив имаме пишувано и читано многу, бајки, фалби, бисери, таленти...
Годинава ќе ја преседат во Супер лига. Догодина, којзнае. А ако е така во Металург клуб што важи за најголема репрезентативна база, што да кажаме, пак, за другите центри? 

За тие што ги инетересира европскиот ракомет, групите на ЕХФ Куп изгледаат вака:

ГРУПА 1: Мелзунген, Силкеборг, Гвардиа Ополе, Бенфика
ГРУПА 2:  Рајн Некар, Куенка, Нимс, Холстебро
ГРУПА 3: Магдебург, Нант, Горење, Адемар 
ГРУПА 4: Екс Прованс, Татабања, Берлин, Ла Риоха


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk