Вујовиќ: Ме донесоа поради карактерот, сега тоа им смета

Веселин Вујовиќ од денеска веќе не е селектор на Словенија. Вчерашниот таен состанок на раководството на словенечката федерација, се покажа дека е со една точна на дневен ред, смена на селекторот. 

Разговаравме со Веселин Вујовиќ утрово, ни потврди дека веќе не е селектор на Словенија. Во негов стил, одговори на прашањето дали има нешто ново.

„Има ново мајсторе. Не сум веќе селектор на Словенија“, потврди Вујовиќ. 


- Кои причини ги наведоа како аргументи за вашата смена? 

„Не знам што ќе наведат во официјалното соопштение, носе работи за мојот однос кон еден словенечки играч на тајм аут во Загреб, тоа можело да доведе до отпор од одредени играчи“, вели Вујовиќ. 


- Дали те изненади оваа одлука?.

„Ме донесоа поради карактерот, сега им смета што сум таков“ - заклучи екс селекторoт на Словенија. 


И точно поради карактерот Веселин Вујовиќ беше ангажиран во Словенија. Ако паметиме добро без да чепкаме по архивите, подигнување на борбениот дух, темпераментот на играчите итн. беа паролите со кои Словенците го доведоа на клупата. 
Им се врати со пласман на Олимписки игри и бронзен медал на СП 2017. Но, во 2018, на ЕП во Загреб стигнаа конфликтите со судиите, критиките кон ЕХФ и оттогаш работите тргнаа во друг правец, а Словенците се помалку сакаа да го следат борбениот дух и темперамент и почнаа да си заговараат свое. 
Долго време слушавме дека Зорман треба да го наследи, потоа стигна оној дуел со ППД Загреб и одново смена беше на дневен ред, а една недела подоцона и официјално, по реакцијата кон еден Словецен на тајм аут, стигна и официјалната смена. 

Неизбежните кандидати Тамше и Зорман, странците Пастор и Гисласон, па и Душебаев се наводно на листата на кандидидати за ЕП 2020. 

Македонија и Словенија треба да играат контролен меч во јануари, се надеваме дека смената на селекторот нема да ги смени и нивните планови. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk