Вардар без Дизингер, се врати Криштопанс

Вардар денеска има шанса одново да фати приклучок на табелата со водечките екипи, односно екипите што се борат за едно од првите две места, реално единствените што прават разлика во понатамошниот дел од елиминациите во Лигата на шампионите. 

Македонскиот тим во Брест отпатува со проблеми со составот. Се врати Криштопанс, но Дизингер и Горбок се аут, па на Атман, Скубе и Криштопанс останува да го носат товарот со оглед на тоа дека не очекуваме Кокшаров шанса да им даде на Карапалески и Кукуловски на пример. 

Натпреварот почнува во 17:30 часот, се игра на добро познатиот терен во „Викторија“, сала што генерално му носи позитивни спомени на Вардар. Се надеваме дека и вечерва ќе биде така.  

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk