Реми со Италија на првиот меч

МАКЕДОНИЈА - ИТАЛИЈА  29-29

Женската репрезентација на Македонија одигра нерешено со Италија 29-29 на првиот контролен натпревар од турнирот што се игра во Анталија, а на кој учествуваат уште и репрезентациите на Турција, А и Б тим и селекцијата на Косово. 

Во првото коло Македонија ремизираше со Италија. Хендикеп за македонскиот тим беше што во раната фаза на натпреварот се повреди Симона Стојаноска (удар во лицето, носот), па не го продолжи натпреварот. 

Елена Ливриниќ со 12 постигнати гола беше најдобриот стрелец на Македонија на овој натпревар, по четири гола постигнаа Елена Георгиевска и Јована Саздовска, три додаде Гаикидова, Калајџиевска и Гичевска по два, додека Јанкуловска и Стојановска постигнаа по еден погодок. 

Во финишот на натпреварот на кој имало слабо судење и Ливриниќ се пожалила на повреда, но веројатно ќе може да настапи на следните натпревари.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk