Врањеш доведе екс репрезентативец

Шведскиот шампион Кристијанштад го доведе Љубомир Врањеш со фанфари на својата клупа, но брзо се виде дека магијата што ја имаше во Флензбург одамна ослабела. 

Кристијанштад има слаби резултати и во ЛШ и во домашното првенство, но тоа во поглема мера се должи на тоа што ги распродаде своите најдобри играчи, а не доведе адекватни засилувања. 

Врањеш се чини успеа да ги наговори газдите да потрошат некоа круна за засилувања, па така во нивните редови доаѓа поранешниот шведски репрезентативец Фредерик Петерсен. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk