ЕВРО ВЕСТИ: Целје останува Лашко, Јанц си оди во Барса...

* Ракометниот клуб Целје потпиша продолжување на спонзорскиот договор со Пивоварна Лашко и за наредните четири години. Поточно, нивниот договор истекуваше 2021, а предвремено е продолжен до 2023. Пивоварна Лашко повеќе од 30 години го спонзорира ракометниот клуб. 

*Официјализирано е заминувањето на десното крило Блаж Јанц од Келце. Веќе објавивме дека Сигвалди Гудјонсон од данскиот Архус се сели во Полска следната сезона. Наводоно е договорено да се пресели во Барса, иако словенечките колеги ни споменаа дека и Кил е во игра. 

* Дефанзивниот специјалист Борге Лунд, играч за кој своевремено беше заинтересиран Металург, следната сезона ќе биде прв тренер на норвешкиот клуб Елверум.

* Грчкиот тим ПАОК не дозволи турско знаме на натпреварот со турската екипа Муратпаша. Беше договорено да нема никакви знамиња, но тие сепак истакнаа само грчко знаме. За тоа ќе платат казна од само 500 евра. 
Двојно повеќе, 1000 евра ќе платат затоа што на тој натпревар имале знаме од Челинџ Куп место од ЕХФ Куп. 
Казна од 750 евра ќе платат затоа што навивач истурил вода на теренот за време на натпреварот.

*Денеска беа извлечени групите од женскиот ЕХФ Куп. Вака ќе изгледа групната фаза доколку Корона Брашов не биде суспендирана поради допинг скандалот. Во тој случај Глорија Бистрица ќе биде на нејзиното место. 




 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk