Се смирија страстите, Кастратовиќ доби поддршка од клубот

Состојбата во Металург, по вчерашната најава на тренерот Зоран Кастратовиќ дека заминува, денеска полека се нормализира. 
Неговата оставка не беше дефинитивна, не беше ни во афект, туку момент преку кој ќе се прекршат некои работи во клубот. Не е симната од дневен ред оставката, но денеска од поинаков агол или поинакви агли се разгледува целата ситуација и се бара решение кое ќе биде прифатливо за сите. 

Зоран Кастратовиќ доби полна поддршка од комплетната управа на клубот, попладнево ќе има уште еден состанок, овој пат со играчите и потоа ќе видиме во кој правец ќе се одвиваат работите. 

Во моментов, Кастратовиќ и натаму е тренер на клубот. Со ковертирана, но не реализирана оставка. Од наш агол, очекуваме дека нема ни да биде реализирана и дека некои работи и реалации во клубот ќе бидат поинаку поставени. 

Ќе следиме како клубот и тренерот ќе го одработат овој критичен период, дополнително отежнат со тоа што во недела имаат многу важен натпревар со Горење на кој треба да анулираат пет гола негатива за да се пласираат во групната фаза на ЕХФ Куп што е европска цел на Металург во оваа сезона. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk