Е. Работник со проверени сили во Финска

Е. Работник денеска со почеток од 18:00 часот, ќе се обиде да го повтори успехот од првата пресметка со шампионот на Финска, Кокс. „Петлите“ беа првата жртва на Работник во Лигата на шампионите и единствена се до минатонеделното гостување на Савехоф во Битола.
Сега е на ред борба за првата гостинска победа во ЛШ во клупската историја. Прва и последна, веројатно за долг период, со оглед на тоа дека следната сезона во ЛШ ќе има место за само една македонска екипа, а дуелот со Кокс е последниот гостински во дебитантската сезона на битолчани.

Составот е истиот од дуелот со Савехоф, судиите се Словенци, Палачковиќ и Бачковиќ.


Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk