ЕХФ: Нов дизајн на топките за Европските Купови

Партнерот на ЕХФ, данскиот производител на спортска опрема, Селект, го покажа дизајнот на топката со која ќе се играат европските натпревари следната сезона. 

Лигата на шампионите се менува, ќе има многу повеќе тв преноси, ќе има повеќе пари, а се работи на сите полиња како ракометот да биде поубав за око. Дизајнот на топката е еден од тие. 

Во машките евро-купови ќе се игра со сини,со комбинација на розева боја. Селект и ЕХФ се задоволни од соработката и потпишаа договор до 2024 година. 

Селект паралелно води трка со Молтен, јапонскиот производител до кого ИХФ има договор. Целта е да се направи топка за која не треба лепак. Молтен својата ќе ја промовира следнито лето, но и Селект има спремен одговор. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk