ЛОШИ ВЕСТИ: Криштопанс остана во Скопје

Вардар денеска замина за Келце каде што во сабота ќе го одигра првиот натпревар од вториот круг во Лигата на шампионите. 
ЛШ првенството за Вардар се преклопи со дуелите со Келце. Минатиот викенд одиграа нерешено 28-28 во Скопје, сега е редот да играат во „Легионово“. 

Лошата вест од таборот на Вардар гласи: Даинис Криштопанс нема да може да игра и на овој натпревар. Тоа го објавија црвено-црните на својот профил од заминувањето кон аеродромот. 

Прашање е колку ќе може да помогне и Кристијан Дизингер, па и Павел Атман. Русинот играше во првиот дел во Скопје, Дизингер од клупата го следеше мечот. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk