Спремна е топката без лепак

Јапонскиот производител на спортска опрема Молтен снабдувач на ИХФ, се чини ќе ја добие трката со Селект кој е снабдувач на ЕХФ и прв на пазарот ќе ја исфрли ракометната топка за која не е потребен лепак. 

Три години се тестира производот што во 2017 го прмовираше претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа. Следното лето, на Светското првенство У18 во женска конкуренција, во Кина, девојките ќе играат со новата топка. 

Скептицизмот е голем. Топката беше проблематична кога ќе се наводени, за време на натпревар, кога ќе мина стотина пати низ испотени дланки тоа е активна ситуација. 
Но, од ИХФ велат дека е тестирана под вода, дека нема проблеми. 

За ракометарите сигурно ќе биде проблем да се адаптираат и да ги изведуваат своите потези кога на топката ќе нема лепак. Не очекуваме позитивни коментари. 
Единствени што нема да имаат проблем со лепакот, се играчите од Камерун. Тие и така не користат лепак. Нив проблем им е лепакот. 

ИХФ и ЕХФ се обидуваат да го исфрлат лепакот од употреба. Во многу сали ракомет нема ни да се игра доколку нема специјална подлога, затоа што лепакот не ги валка само рацете и дресовите. 
Затоа мора специјални подлоги, што значи нарачки на специјални подлоги, монтирање - демонтирање, тоа се се дополнителни трошоци, потоа не се долготрајни, посебно ако често се (раз)монтираат... 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk