Мешков им продолжи договори на тројца играчи

Со неисполнети цели во Лигата на шампионите и уште една условно кажано промашена сезона по само два месеца, на Мешков Брест и не му останува многу освен да почне да размислува за следната да се спрема за алтернативните фронтови 

Мешков Брес почна со склопувањето на тимот за следната сезона, а први што добија нови договори се играчите од костурот на тимот. 

Голманот Иван Мацкевич во јуни ќе комплетира две сезони и од него се задоволни во екипата. Пикерот Артјом Селвасјук, играч од школата на Мешков Брест останува како „дете“ не клубот и во јуни ќе ја почне својата петта сезона во Брест, а најголемото засдоволство за Мешков Брест е што успеа да го договори Александар Шкуринскиј. За рускиот бек биле заинтересирани неколку европски екипи, но Брест успеа да го наговори за нов потпис. 

Од Мешков Брест во јуни ќе си замине Вилијам Акамбре, тој следната година ќе игра за екипата на Екс Прованс од Франција. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk