Петар Aнгелов раскина со Ратинген

Македонскиот голман Петар Ангелов и германскиот регионален клуб Ратинген ја раскинаа соработката ,спогодбено, на барање на нашиот голман. 
Петар Ангелов во Германија дојде пред нешто повеќе од една сезона. Дојде од Австрија, по Аце Јоновски, но пред Филип Лазаров. Минатата година еден бод беше клучен во трката за плеј оф и пласман во повисок ранг.
Планот беше долгогорчно да остане во клубот и по завршување на кариерата, но една од главните карактеристики на плановите, е таа што се подложни на менување. 

Петар Ангелов е во форма и се враќа во Македонија. Вели дека планира уште да брани. Некоја екипа од Македонија би можела добро да се офајди доколку најде заеднички јазик со македoнската ракометна легенда. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk