Мотор го отпушти тренерот

Откако прв смени Вардар, очекувавме Мешков Брест да биде следниот што ќе го смени тренерот, но Мотор Запорожје е тимот што „повлече нога“.
По драматичниот пораз од Монпеље, кога прокоцка пет гола предност и загуби во последните секнди, на играчите на Мотор им било соопштено дека Николај Степанец нема веќе да биде тренер, информира Брз Центар. 

Николај Степанец дојде во Мотор на минатата сезона, на местото на Патрик Ромбел и веднаш ги врати во тимот украинските ветерани, патем го седна на клупа и му ја отвори излезната врата на нашиот Жарко Пешевски. Со познатата „источна“ филозофија и ангажман на играчи од споменатите земји и балканот, требаше да направи разлика во ЛШ. Имаат добар тим, но шансите за 1/8 финале не им се добри. 

Засега неговиот асистент, Ростислав Ланевич ќе ја води екипата, а ќе дебитира во СЕХА Гаспром, против Вардар во Скопје. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk