ВИДЕО: Најубавиот гол, во мрежата на Е. Работник

EХФ понеделнички ги објави најубавите моменти од седмото коло во Лигата на шампионите. Најубавиот гол во седмото коло го постигна Шпанецот Карлос Руесга кој игра за португалскиот Спортинг. Топката заврши во мрежата на македонскиот претставник во ЛШ, Е. Работник. 

На четвртото место на Топ 5 листата е и Тимур Дибиров со еден од неговите специјалитети со кој ги послужи гостите од Полска. 

Во ол стар тимот нема играчи од македонските клубови. 

Во Топ 5 одбраните се најде Калифа Гедбан кој при резултат 27-27 симна зицер од Мариуш Јуркиевич,  а од дуелот Вардар - Келце е селектирана и една од вкупно двете одбрани на Андреас Волф. На второ место е интервенцијата на Волф по шутот на Калараш. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk