КАРАЧИЌ: Благодарам за дочекот, традицијата е прекината

„ Сакам да и се заблагодарам на публиката за дочекот и амбиентот што го направија. Со оглед на тоа колку играчи и колку важни играчи на Вардар не настапија на денешниот натпревар, сметам дека Келце вечерва загуби бод во Скопје. 
Но, традицијата според која Келце секогаш губеше во Скопје е прекината. Сега се вртиме кон следната средба, се надевам дека во Келце ќе победиме“, изјави Игор Карачиќ. 

Комплименти за публиката и соиграчите имаше и Данил Шишкарев.

„Ќе ја повторам изјавата на тренерот Кокшаров дека сите играчи што настапија денеска на натпреварот дадоа се од себе. И благодарам на публиката што не бодреше и не даде сила кога најмногу ни требаше. Во вториот дел, во еден момент бевме во криза, но успеавме да се извадиме и на крајот имавме шанса и за победа. Но, ова е спорт, некогаш ќе успееш, некогаш не“, изјави Данил Шишкарев. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk