Вардар со еден бек стигна до бод со Келце!

ВАРДАР - КЕЛЦЕ  28-28 (17-16)
Скубе 7, Чупиќ 6, Стоилов 4, Атман 3, Калараш 3, Дибиров 2, Пелко 2, Шишкарев 1, 


Вардар без Криштопанс, Горбок, Дизингер, со второ полувреме без Павел Атман одигра нерешено на домашен терен со екипата на Келце.
Тимур Дибиров играше на позиција лев бек, Иван Чупиќ на позиција десен бек и со седум на шест во нападот, го нападна Келце, носен на крилјата на фанатичната публика.

Келце како да се загуби во амбиентот, брзаше, грешеше, три пати промаши празен гол и по 15 минутен блиц криг Вардар водеше неверојатно, 10-5.
Безмалку се му одеше од рака на Вардар во овој период од дуелот, најмногу што скапиот Андреас Волф за цело прво полувреме само двапати успеа да одбрани. Но, Кугис беше и полош од него, за среќа Гедбан во финишот на првиот дел застана на голот.  

По 15 минути Талант Душебаев побара тајм аут, Келце згазна на кочница и почна да ги лови вардаровите додавања. Неколку гола на празна мрежа и Келце израмни на 14-14, потоа за момент и поведоа, но откако Јанц промаши празен гол, резултатот одново се сврте.

Потоа фанатичната игра на Вардар, но и двате одбрани на Гедбан му донесоа плус два на Вардар, за во последниот напад Келце да намали и на одмор да се замине со гол предност за Вардар.
Уште еден бран на Вардар му донесе плус четири гола на македонскиот првак на стартот на вториот дел (20-16).

Дополнителен проблем стана Павел Атман кој исто така се повреди, па Вардар до крајот на натпреварот играше со само еден бек – Сташ Скубе. Дибиров беше лев бек, Чупиќ десен.
Келце успеа да израмни и да поведе со три гола разлика (25-22), притоа птопуштајќи изгледни шанси таа предност да ја зголеми најмалку за гол два.

Вардар гол по гол се враќаше, Гедбан имаше одлична партија, а прунудното решение на лево крило во Келце, Мариуш Јуркиевич ред по ред промашуваше зицери.
На крајот, Келце имаше напад за победа при 28-28, не ја искористи. Вардар имаше шут за победа – не го искористи.
Со оглед на се, Вардар заслужи да победи, но со оглед на се, може да биде задоволен и со освоен бод од овој дуел.

foto:rkvardar.mk
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk