ФОТО: Се собра старото друштво

Хотел Русија денеска е местото каде што во текот на целиот ден можеа да се видат познатите ликови што вечерва ќе бидат во центарот на вниманието на цела ракометна Европа. 

Гостин во Скопје е Келце, а со полскиот шампион допатуваа и вардаровите шампиони од прва и втор генерација, Алекс Душебаев и Игор Карачиќ.
Тимур Дибиров заедно со двајцата помлади играчи што допрва ќе се борат за својата прва, а вардарова трета ѕвездичка ја пополнија сликата. 

Попладнево ќе има многу емоции во „Јане Сандански“, а во центарот на вниманието ќе биде Игор Карачиќ за кого ќе има најмнгу овации иако ќе игра за противничката екипа. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk