Kелце некако стигна, но багажот - не

На полскиот шампион Келце, вчера му беше одложен за неколку часа летот од Краков до Виена, а тоа предизвика верижна реакција во која Келце до Скопје патуваше повеќе од 20 часа. 

Полскиот клуб кој денеска против Вадар игра во 17:30, во Скопје стигна некаде по 20 часот и немаше време да тренира, но имаше време да се одмори, Но,  нивните проблеми не ги снема со новиот ден. 

Багажот на Келце се уште не е пристигнат. Среќа за нив, ракометарите ги имале дресовите во рачниот багаж, но комплетниот багаж се наоѓа некаде меѓу „Виена и Цирих“ и немаат точна информација кога ќе им пристигне. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk