ФИЈАСКО: Пелистер прими 50 гола во Србија!

ЗАЕЧАР - ПЕЛИСТЕР  50-20 (26-7)
Пелистер: Талевска 6, Анчева 3, Милосављевиќ 4, Белевска 3, Јануловска 1, Босилковска 1, Стојанова 1, Наумовска 1, Богоевска, Каковска, Огненова, Кајчевска, Соколевска, Нечовска, Раиф

Женскиот ракомет е можеби на најниско ниво според квалитет во последните 20 години, Челинџ Куп е најслабиот Куп во женскиот ракомет, а кога и во ова натпреварување само во првиот дел екипа ќе прими 26 гола, а постигне 7 и да се сака да се најде некаков изговор и да се напише убав или охрабрувачки збор... не оди. Дури и да се обидеме да со некоја симпатија да пишуваме за младиот тим, повторно не оди. Челинџ Куп е сериозно меѓународно натпреварување, а Пелистер во Европа ја претставува Македонија. И можеби од поинаков агол треба да се гледа на излезот или излетот на македонските екипи во Европа.

Нивото на македонскиот клупски ракомет вечерва пропадна на нова длабоичина, откако екипата на Пелистер првото одмерување на силите со српскиот Заечар беше поразена со 30 гола разлика. 

Битолчанките се практично елиминирани, Челинџ авантуарата почна и ќе заврши во Заечар со уште еден натпревар што ќе се игра утра со почеток од 17:00 часот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk