Исланѓанецот од Кил го пропушта ЕП

Како се приближува ЕП, а со тоа се намалува времето за рехабилитација, така се прошиува списокот на играчи што (најверојано) ќе го пропуштат Европското првенство. 

Исландската ѕвезда што игра за екипата на Кил, Торир Гисли Кристијансон ќе го пропушти Европското првенство во Австрија-Шведска-Норвешка. 

Гисли Кристијансон вчера, на малерозно загубеното дерби со Рајн Некар Ловен беше сериозно повреден, му беше дислоцирано левото раме (нешутерска рака) и како што информира Кил, ќе отсуствува најмалку осум недели од теренот. 
Овој Исланѓанец има важна, но неблагодарна улога засега во тимот и служи да ги одмори Зарабец, Дувњак или некој од левите бекови (Билик, Нилсон) во исклучително тешката сезона во која Кил игра тешки натпревари на два фронта. 

Со толкава пауза и проектирано враќање што се поклопува со стартот на шампионатот, шансите Кристијансон за заигра покрај Палмарсон на ЕП се минимални. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk