Онифриенко го пропушта ЕП 2020!

Противникот на Македонија на ЕП 2020, репрезентацијата на Украина, на шампионатот во Виена ќе отатува без својот најпознат играч - Сергеј Онифриенко. 

Украинските медиуми, повикувајќи се на изјава од нивниот селектор Сергеј Бебешко, информираат дека Онифриенко мора на операција што ќе биде извршена на 15 ноември. 
Паузата по оваа операција ќе трае два месеца и тој би требало да се врати на терен откако првенството веќе ќе биде почнато. 

Украина нема многу избор на позицијата десен бек. Владислав Донцов ќе ја има главната улога судејќи според игрите во Неделата на ЕХФ. Ракометарот што своевремено сакаше да игра за Белорусија е првиот избор, а Чичикало и Ганчев се уште левораки бекови на располагање на Бебешко, со тоа што Ганчев најверојатно нема да игра на свое барање. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk