Келце „заглави“ по аеродромите

Противникот на Вардар, полскиот шампион Келце кој во „Јане Сандански“ ќе гостува утре од 18:00 часот, ќе мора да го менува комплетниот план на својот престој во Македонија. 

Келце требаше со лет од Краков преку Виена да пристигне во Скопје пред 12:00 часот, но нивниот лет од Краков беше одложен. Поради тоа одложување, го пропуштија и поврзаниот лет од Виена и сега, откако ќе слетаат во Виена им останува да бараат нови опции како да пристигнат во Скопје. 

Според последните информации, Келце во Скопје нема да пристигне пред 20:00 часот, што значи дека го пропушта и тренингот што беше закажан за во 17:00 часот и доколку утре нема некое тренинг-истегнување, без вистински тренинг ќе се соочи утре со Вардар. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk