ВУЈО: Напуштам, кога Јанц ќе биде кандидат за селектор

Деновиве низ електронските медиуми и социјалните мрежи се прошири информацијата дека селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ, ќе се раздели со нивната репрезентација и тоа пред ЕП Австрија што почнува за два месеца.
Информацијата отиде дотаму што едни веќе го видоа неговиот помошник Урош Зорман на клупата, а други го видоа Талант Душебаев. 

Долгогодишното искуство ни вели да не отпишуваме никакви комбинации. Се е можно, се е изводливо, но по трагата да видиме колку има вистина, го побаравме Веселин Вујовиќ кој со насмевка го дочека прашањето дали заминува. 

„Да, ќе заминам од репрезентацијата, ама кога Јанц ќе биде кандидат за селектор“, во свој стил изјави некогашниот тренер на Вардар, демантирајќи дека се „ готви“ нешто од репрезентативното мени. 


А ако малку гребнеме по површината на оваа информација, ќе видиме дека наскоро на дуел од Лигата на шампионите се Целје и ППД Загреб (10 и 14 ноември).
Вујовиќ е тренер и на ППД Загреб, па можеме да ја сместиме информацијата и во делот на „специјална војна“ пред овие дуели во Лигата на шампионите. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk