Стоилов: Некој ќе плаче, се надевам Карачиќ

Вардар викендов во Скопје ќе биде домаќин на еден од најнезгодните тимови во Лигата на шампионите, полскиот првак Келце. 
Којзнае какви би биле прес конференциите, ако го немаме Столе Стоилов. Како и секогаш, имаше што да каже

„Сум играл многупати со репрезентација против Карачиќ, но сега ќе биде поинаку. Некој ќе плаче на крај, а се надевам дека тој ќе си оди разочаран од Скопје“, се пошегува Стоилов

„Не чека тежок меч со Келце, кој е секогаш незгоден, секогаш играме интересни натпревари со многу борба и тензија, па верувам дека така ќе биде и сега. И тие се во иста ситуација како нас, со многу повредени играчи и лимитирана клупа. И ние нe знаеме на што сме, но играме пред наша публика, наше е да дадеме се од себе и да победиме.“ изјави Стоилов. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk