Бадијала засилувања: Порто ја збриша Бенфика

Бенфика годинава според потезите наликуваше на клуб решен да го прекине 18 годишниот пост и да стане нов првак на Португалија. 
Но, Рене Тофт Хансен, Оливер Њокас и Петар Ѓорѓиќ се покажаа далеку од доволно за битка за шампионски пехар. 
Синоќа, Порто славеше победа од 10 гола разлика (33-23) над Бенфика и тоа среде Лисабон со што Бенфика на која ова и е втор пораз е практично отпишана. 
Јасно, сезоната е долга, но Спортинг во чии редови заигра и Марко Вујин ќе биде најсериозниот кандидат за пехар на Порто. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk