Остроушко: Нема да сме аутсајдери на ЕП

Уште точно 64 дена има до стартот на Европското првенство што ќе се одржи во Австрија, Шведска и Норвешка. Светлата на рефлекторите и погледите на медиумите се насочени кон Лигата на шампионите и националните првенства, но за еден месец на главната бина ќе се искачат репрезентациите и ќе почне циркузот наречен ЕП. 

Во меѓувреме, селекторите и играчите, мерат и премеруваат. Ги снимаат противниците и прават свои анализи и математики. 
Математики според кои веруваме најголемиот дел од јавноста ќе се согласи дека Украина, во група со Чешка, Македонија и домашната Австрија е аутсајдер против кого сите очекуваат бодови. 

Велиме најголемиот дел од јавноста би се сложил. но така не мисли нивниот најдобар играч, Владислав Остроушко, ракометар кој се препороди во Е. Работник од Битола и сега ќе ни биде голем проблем на ЕП. 

„Ние мораме и ќе се бориме со сите сили да ја пројдеме групата. Не сметаат за аутсајдери, но јас не се согласувам со тоа. Имаме шанси, сите сакаат да покажат добар ракомет, а и резултатот е многу важен за нас. Ние, не се сметаме за аутсајдери на Европското првенство“, изјави Владислав Остроушко за украинскиот „Икс Спорт. 


Првиот противник на Украина на Европското првенство во Виена е репрезентацијата на Македонија. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk