Австрија го претстави дресот за ЕП 2020

Еден од организаторите на ЕП 2020 и еден од противниците на Македонија во прелиминарната рунда, Австрија, го претстави дресот со кој играчите ќе настапат на шмпионатот. 

Австрија и нивниот снабдувач со опрема, Селект, од претставувањето на дресот направи цел квиз. На дресот ќе се појават и заштитни знаци на деветте провинции од кои се составена државата. 

Фановите треба да погодат кој заштитен знак од која провинција ќе се најде на дресот и да учествуваат во наградната игра во која наградата е - дрес. 
На дресот од фотографијата, на местото на прашалникот ќе се најде знаменитост од Салцбург. Фановите треба да погодат која. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk