Сонце го огреа ЧСМ Букурешт

По година и пол „мрак“, конечно, сонце го огреа романскиот вице-првак ЧСМ Букурешт, неофицијално, најскапиот женски состав во моментов. 
На ЧСМ Букурешт пред два дена во тимот му се врати Кристина Неагу, а денеска добија уште една вест поради која треба да слават и частат. 

Влчеа е екипа што минатата година ги симна од тронот во Романија. Сезонава Влчеа еднаш го победи ЧСМ Букурешт (20-19), а со оглед на тоа дека ЧСМ Букурешт во првото коло загуби од Залау, Влчеа требаше да си одработи на натпреварите со полесните противници и повторно ќе беше шампион. 

Но, вечерва Влчеа е поразена од екипата на Бистрица, петтопласирана во првенството и тоа убедливо, 19-24. Ја платија сметката за тенката клупа и играњето на два фронта. 
Сега, на ЧСМ за шампионски пехар ќе му треба победа од најмалку два разлика над Влчеа и да си одработи со полесните противници. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk