Чист пораз на Е. Работник, Манасков го разби Спартак

Е. Работник - Мешков Брест   32-35 (17-18)
Јотиќ 8, Ојлески 6 - Ваилупов 14, Селвасјук 7

Битолчани имаа скриена надеж дека против вториот тим на Мешков Брест ќе стигнат до победа во СЕХА Гаспром Лигата, но Белорусите, иако за волја на вистината беа со сосема изменет состав, одиграа подобро, беа фокусирани и ангажирани повеќе од битолскиот клуб и на крајот ги однесоа бодовите. 

Мешков Брест набрзина стигна до предност од три гола разлика (4-1). На ова му „кумуваа“ три две промашувања и едно пробивање на пикерот Шевелев, а на спротивната страна и покрај двете интервенции на Митревски, Мешков, рековме поведе со 4-1. 
И тоа се покажа како решавачки период од натпреварот. 
Е. Работник не усоеа да го анулира ова водство на гостите. Успеа во неколку наврати да израмни (8-8, 14-14, 117-17), но потоа гостите одново ја враќаа предноста, а како одминуваше времето, така беа покомотни и имаа и плус четири во неколку периоди, за на крајот без разултатска неизвесност да стигнат до победа од 35-32. 

Иако уште не сме во месец ноември, можеби и сега можеме да го прогласиме Микита Ваилупов за најдобар стрелец во СЕХА Гаспром лигата. 
Крилото/бек на Мешков Брест по 6 одиграни натпревари има 61 гол, речиси двојно повеќе од второпласираниот Лово Јотиќ. Хрватот од Работник има 33 гола. Голманот Мацкевич со 17 одбрани беше можеби најголемиот проблем за Работник, а истото можат да го кажат Белорусите за Никола Митревски кој имаше 15 интервенции.

Кога сме кај стрелците, да споменеме дека Дејан Манасков по две-три средби на кои не ги имаше добро наместено нишаните, денеска го торпедираше Спартак Москва и во победата од 37-32 учествуваше со 10 гола од 11 шута. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk