Уште една ѕвезда се сели меѓу легендите

Уште една ракометна ѕвезда ја игра својата последна сезона во кариерата. Легендарниот германски десен бек, Холгер Гландорф, во интервју на Скај ТВ објави дека во јуни завршува со играње ракомет и се сели во управата на Флензбург, екипа со која пред четири сезони стана европски првак.

Холгер Гландорф во јуни ќе има 37 години, а на големата сцена, во германската репрезентација игра од 2003 година. Тој во првиот тим влезе како наследник на уште една ѕвезда - Фолкер Цербе и брзо се прилагоди во улогата на главен шутер. 
Во Бундес лигата има постигнато над 2.400 гола и е на четврто место на најдобри стрелци, но побитно, тој е најдобриот стрелец од игра во историјата на Бундес лигата. 

Неколку години не игра за Германија, а со репрезентацијата во 2007 година стана европски шампион. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk