Лоша вест за Флензбург: Се врати Микел Хансен

Лоши вести за шампионот на Германија стигнуваат од сите страни. Флензбург утре во рамките на Лигата на шампионите го игра првиот од двата врзани натпревари со ПСЖ, а потоа гостува на Барса. 

Полош термин за Флензбург за три натпревари со овие два клуба - немаше. Флензбург е во резултатска криза и последен пат победил на 17 октомври, оттогаш нема победа ниту во Бундес лигата, ниту во ЛШ. 

Шведскиот ас Горан Јоханесен, играчот што требаше да го замени Расмус Лауге е повреден и нема да игра на првиот меч со ПСЖ. 

На сето ова се надоврзува и веста од Париз, а таа гласи - Микел Хансен по пауза од еден месец повторно е на терен. Данецот играше на натпреварот со Алборг, но во полн сјај и со најсилен ритам треба да почне да игра од утре. Против Флензбург. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk