Криштопанс ќе биде спремен за Келце

Вардар може да здивне, затоа што прегледите на повредениот скочен зглоб на единствениот десен бек што во моментов го има на располагање, покажале мала повреда. 
Даинис Криштопанс ќе треба да паузира неколку дена, што веруваме дека ќе му бидат добредојдени затоа што цела сезона игра без замена. 

Летонецот го превитка зглобот на почетокот на дуелот со Војводина и веќе не се врати на терен. Беа извршени прегледи по што и се појави во етер информацијата дека не е доведен во прашање настапот на следниот дуел од ЛШ, против полскиот шампион Келце. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk