ГЛЕДАЈТЕ ДЕНЕСКА: Е. Работник го предизвикува Мешков Брест

Вечерва од 19:00 часот, битолскиот Е. Работник ќе го пречека на свој терен тимот на Мешков Брест, екипа што пред три дена во Скопје играше меч од Лигата на шампионите со Вардар. 

Мешков Брест практикува во СЕХА Лига, барем во оваа фаза од натпреварувањето да патува со вториот тим. Во Битола, сепак, доаѓаат и двајца првотимци. Поради повредата на Даниел Андреев, Мешков во Македонија ги носи Анреј Јуринок и Артјом Кулак. 
Нема да ги видат сите ѕвезди на белорускиот тим во Битола, но ваков состав на Мешков е понуда за три бода, а Е. Работник не би требало уште еднаш да прокоцка шанса. 

Натпреварот се игра со почеток од 19:00, а денеска во СЕХА Гаспром се среќаваат и Веспрем со Спартак Москва, во Унгарија од 17:15 часот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk