Еден голман и откажа на Австрија за ЕП

Селекторот на Австрија, Словенецот Алеш Пајовиќ, остана без услугите на еден од голманите планирани за настап на домашното Европско првенство, на кое се во иста група со Македонија во прелиминарниот дел.

Кристијан Пилиповиќ (24), Австриец со потекло од Хрватска го информирал стручниот штаб на репрезентацијата дека се повлекува од настапите за националниот тим. 

Пилиповиќ планира повеќе време да поминува со своето семејство и да се посвети на настапите во клубот. Тој го брани голот на швајцарскиот тим Кадетен Шафхаузен. 

Прв голман на Австрија за ЕП останува Томас Бауер, а втор и трет би требало да бидат Томас Ајхбергер и Флориан Каипер. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk