Кил продолжи да везе, на Билик не му оди против своите

Кил ја продолжи победничката серија во Лигата на шампионите, вечерва го совладаа Мотор во Запорожје 30-27 на натпревар на кој диктираа резултат и не беа во опасност и покрај тоа што нивниот најдобар стрелец, Никола Билик немаше своја вечер.
Австриецот со украинско потекло имаше шут 0/5 на овој меч, но Харалд Рајкинд со 7 од 12 и Руне Дамке со 4/6 ги водеа успешно зебрите низ Украина. 

Кил останува лидер на табелата со 11 бода, три повеќе од второпласираниот Вардар.

Пик Сегед едно полувреме имаше мака со Целје во Словенија, а потоа во вториот дел стигнаа до победа од 31-24.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk