Пешевски откина бод од шампионот

Штутгарт им направи услуга на Кил и на Хановер, водечките два тима во Бундес лигата, откако одигра нерешено со Флензбург на домашен терен (23-23).
Штутгарт водеше цели 52 минути, последен пат 21-20 и тоа со единствениот гол на македонскиот интернационалец Жарко Пешевски. 
Потоа Флензбург поведе, но на четири секунди до крајот, Адам Лон погоди за 23-23 и тоа беше конечниот резултат. 

Сега Флензбург е на трето место со освоени 16 и загубени 6 бода. Кил има исто толку, но и два меча помалку, односно освоени 16 и загуби 2 бода, додека на првото место е Хановер со 19 освоени и 3 загубени бода. 

Штутгарт е на 15 место од 18 екипи со 5 освоени бода од можни 20. Зад нив се Лемго ао 4 бода, Лудвигсхафен со 3 и Нордхорн со два бода. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk